| четврток, 6 декември 2018 |

Моден двобој: Меланија и Ивона во „фустан за победа“ (ФОТО)

melanija-ivona

Уредничката на Вечер и Сител, Ивона Талевска, го отвори аналитичкото студио на Сител, посветено на предвремените избори што се одржуваат денеска во фустан каков што носеше првата дама на САД, Меланија Трамп на републиканската конференција во Кливленд, Охајо.

3666321c00000578-3696806-image-a-50_1468903546447-1

Фустанот, кој може да се купи на е-комерциланиот сајт Нет-а-Порте, на сајтот е опишан како „прекрасна опција за модерна невеста“, е креација на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.

Камерун и Обама

Саманта Камерун и Мишел Обама

Првите дами на Велика Британија и Америка, Саманта Камерун и Мишел Обама, се големи фанови на креациите на дизајнерката и мошне често нејзиниот моден израз е дел од нивните секојдневни појавувања. Принцезата Беатрис, како и холивудските диви Гвинет Палтроу, Пенелоп Круз, Кеира Најтли и Ема Стоун се дел од ѕвездите кои обожаваат да ги носат елегантните парчиња на оваа дизајнерка.

vojvotka-ilicik-oblece-05

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top