| четврток, 6 декември 2018 |

Новаковски: Според извештаите на ДИК изборите се одвиваат во најдобар ред

133480316-92732

Според извештаите на ДИК која е единствено релевантна да го оцени текот на изборите, мислам дека истите се одвиваат во најдобар ред, изјави во ОКО поранешниот поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски.

-Голем број набљудувачи пристигнаа во Македонија на покана на Република Македонија и се распределени по гласачките места. Се надевам дека по завршувањето на изборниот ден кој ќе помине во мирна атмосфера ќе добиеме добро сумирање на резултатите, бидејќи тоа се оценува – добро предавање на материјалите, а за евентуално мали неправилности си постојат во законот одредени членови кои точно укажуваат што треба да се преземе – изјави Новаковски.

Тој додаде дека набљудувачиите оценката ја даваат врз основа на конечниот извештај, а во текот на утрешниот ден ќе излезат во јавноста со прелиминарен извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top