Граѓаните од општините Могила и Новаци кои избираат кандидати за пратеници од ИЕ4 непречено го остваруваат своето право на глас и избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.
Од ОИК Могила информираат дека до 13 часот гласале 32,72 отсто или 1.785 од 5.455 граѓани кои имаат право на глас.
Гласањето се одвива на 23 избирачки места, поврди претседателот на општинската изборна комисија во општина Могила, Славко Велевски. Во соседната општина Новаци до 13 часот гласале 48,5 отсто или 1.448 од 2.985 граѓани регистрирани во единствениот избирачки список. Граѓаните гласаат на 24 избирачки места, посочи претседателот на ОИК Новаци, Стевче Стевановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%