Според информациите од општинската изборна комисија Гостивар, на гласање до 10 часот излегле 4.594 лица, што е околу шест проценти од вкупно запишаните 76.363 лица. Сите 121 избирачко место биле отворени навреме.
Во Гостивар, на гласање до 10 часот излегле 4.594 лица, што е околу шест проценти од вкупно запишаните 76.363 лица. Сите 121 избирачко место биле отворени навреме и не се пријавени нарушувања или застои во гласачкиот процес. Во општина Врапчиште, утрово гласале 1.229 лица или приближно 5% од запишаните 24.493 граѓани. Според информациите од ОИК Врапчиште, гласањето се одвива без пријавени проблеми или нерегуларности. Во најмалата по бројност, општина во Гостиварскиот регион, МавровоРостуше, до 10 часот на гласање излегле 287 лица или 3,2 проценти од запишаните 8.964 лица. Во општина Гостивар, вчера избирачки одбори посетија 156 гласачи кои се пријавиле за болни и немоќни и им овозможија да си го остварат правото на глас. На подрачјето на општина Врапчиште вчера гласаа 28, колку што беа пријавени како болни и изнемоштени, а во Маврово Ростуште, вчера правото на глас вчера го искористија 34 граѓани. згм/кс/11:26
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%