Актерската легенда Љубиша Самарџиќ закрепнува по тешката операција на мозокот. Лекарите се воодушевени од брзината со која закрепнува.
-Целиот тим што го оперира Љубиша се целосно изненадени од брзината со која закрепна. Иако сметаа дека подолго време ќе биде хоспитализиран, тој ги демантира. Не само што сите животни параметри му се стабилни туку и многу брзо стана подвижен и свесен. И што е најважно, сосема е ориентиран, а тоа најтешко се постигнува по таква операција– открива извор од клиничкиот центар каде што е опериран Самарџиќ, и додава:
-Неговата рана зацелува токму како што предвидуваа лекарите. Тој е во одлична состојба и дури и се шегува со персоналот, кој 24 часа се грижи за него. денес или утре би требало да биде пуштен дома, а контролата му е закажана за три недели. Во посета му доаѓаше сопругата Мира, која лекарите ја уверија дека сопругот ѝ е голем борец и дека јуначки го издржа сето она што го носи тешката операција- објаснува изворот.
За потсетување, Љубиша е опериран пред седум дена на Неврохирургија, а хируршката интервенција траеше неколку часа. За проблемите што ги имал претходните месеци никој не знаел од неговите колеги, а од моментот кога е опериран, неговото семејство не се огласи во јавноста за дијагнозата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.