
Заврши гласањето на гласачкото место 5011 во изборната единица 7 во Амбасадата на Република Македонија во Берлин, јавува дописникот на МИА од главниот град на Германија. Според податоците од изборната комисија во избирачкото место 5011 до 19 часот од запишаните 585 гласачи избирачкото право го искористиле 261 македонски граѓанин со право на глас, односно 44,6 % од сите регистрирани гласачи во овој дел на Германија. Во македонската амбасада во Берлин каде гласаат регистрираните македонски гласачи од неколку други градови на северот на Германија меѓу кои Хамбург, Бремен и Хановер, во текот на гласањето немало никакви проблеми. Гласањето започна без никаква проблеми во 7 часот изутрина и се одвива во најдобар ред, изјави попладнево за МИА претседателот на изборната комисија на гласачкото место во Амбасадата во Берлин, Сашо Марковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


