| четврток, 6 декември 2018 |

Болните и осудените лица гласаат во Штип

Во општина Штип денеска гласаа 138 инвалидизирани, болни и изнемоштени лица. Претседателката на ОИК Штип, Сенка Андреева изјави дека гласањето се спроведе без проблеми, а избирачките одбори рано утринава го презедоа и материјалот, со што ги подготвуваат избирачките места за утре, кога треба да ги отворат во седум часот.

– Во општина Штип со право на глас се 38.019 гласачи по Избирачки список, а 3.606 од посебениот избирачки список кои гласаат во странство. Инаку досега е се како што треба и самите избирачки одбори ги земаат своите материјали, паравани, гласачките списоци и печатите и се упатуваат на своето место, каде што го подготвуваат за утрешниот ден за да се отвори во седум часот, рече Андреева.

Во Штип се гласаше и во Казнено поправната установа Затвор-Штип, каде што на гласачкото место 22 91 А право на глас имаат 233 избирачи.

Претседателот на Избирачкиот одбор на гласачкото место 22 91 А, Борис Карлански изјави дека гласачкото место навреме е отворено во седум часот, со што осудените лица од 42 општини можата да го остваруваат своето право на глас до 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top