| четврток, 6 декември 2018 |

Јамаха прва ќе го престави новиот мотор за следната сезона

valentino-rosi-1

Јамаха ќе биде првата екипа од кралската класа на мотоциклизмот која ќе ја рпетстави новата машина за идната сезона. Машината „М1“ на која веќе Јамаха ги започна тест-возењата двајцата возачи, Валентино Роси и Маверик Вињалес, ќе ја претстават официјално на 19. јануари во Мардид.

Екипата на Јамаха се надева дека со рана промоција на мотоциклот ќе стави до знаење дека е сериозен претендент за високите места во двете конкуренции (конструктор и возачи) и дека може да им биде изедначен противник на Репсол Хонда и Дукати.

На првите тестови новата машина засега покажува одлични резултати. новајлијата во тимот, Маверик Вињалес на досегашните тестирања се покажа и како побрз од својот искусен тимски колега, Валентино Роси, но и од остатокто од возачите на гридот во МотоГП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top