| четврток, 6 декември 2018 |

Во недела Македонија и Струмица ќе гласаат против политиката и праксата на едно евро од секого за фамилијата Заеви

ГРОМ од Струмица пред молкот во пресрет на парламентарните избори порача: Во недела Македонија и Струмица ќе гласаат против политиката и праксата на едно евро од секого за фамилијата Заеви.
ја пренесуваме нивната порака до граѓаните:

Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани преставници на медиумите, денес е последниот ден кога треба да се договориме.
Последниот ден кога треба да се обединиме.
Да кажеме јасно и гласно зошто во недела на 11 декември не треба да гласаме за аболицираниот криминалец Зоран Заев. Затоа што во недела Македонија и Струмица ќе гласаат против политиката и праксата на едно евро од секого за фамилијата Заеви!!
Затоа што Струмица и Македонија ќе гласаат против поделби, федерализација и кантонизација на Република Македонија, кој ги ветил да ги оствари првиот човек на СДСМ на испорачателите и финансиерите на неговата кампања. Затоа што сме уморни од закани и заплашувања од нивните освети после 11 декември.
Не им се плашиме!!
Затоа што искрено од срце си ја сакаме Струмица и сакаме да ја пратиме на патот кон прогресот и развојот. Тоа е можно само ако ја ослободиме од стегите и коруптивната мрежа на кланот Заеви. Ако е искрен, тој вчера јасно кажа дека ако изгуби ќе даде оставка од функцијата Градоначалник и од лидерската позиција на СДСМ истата вечер. Да му дадеме шанса и нему и нас.
Конечно ај да бидеме хумани: Заев сака да се посвети на семејството, доволно долго беше посветен на желбите на чадорот, на сеење раздор и омраза ширум земјата. Доста бевме заложници на неговите мрачни сценарија нека сплеткари сега дома и во неговите фирми. Нас нека не остави на мира.
Време е да се ослободимеод тоа заложничко ропство. Слобода за Македонија, заокружи само број 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top