На последниот митинг на СДСМ во Арачиново, Заев повторно со „селфи“ фотографии ги бара гласовите од Албанците.
Како што веќе и потврди Муса Љамалари од албанската дијаспора, познат заложник за федерализација на Македонија, Албанците во Заев препознаваат „месија и спасител“, по неговите ветувања за двојазичност и кантонизација на Македонија.
Ова не му се први „селфија“ на Заев. За потсетување, тој насмеан се сликаше и во кумановско Диво насеље, ден по полициската акција против позната терористичка група која имаше за цел бомбашки напади врз цивилни цели за дестабилизација на државата и отворање на „полесен пат“ кон она за што сега се залага Заев во замена за поддршка на радикалните Албанци на овие избори.
Македонските бранители таа битка ја платија со крв. Заев без никаква стега се фотографираше и со оние за кои постојат докази дека биле јатаци и поддржувачи на групата од Косово. Сето тоа Заев, Спасовски и други кои беа во посета на местото на бобите го оквалификуваа како „фингирана акција“, без да покажат ниту трошка почит за загубените животи на полициските припадници.
Ниту Заев ниту Спасовски кој во неколку наврати застана на чело на полицијата, до сега не покажаа почит кон згаснатите животи кои го зачуваа мирот, стабилноста и соживотот во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.