https://www.youtube.com/watch/default.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/0.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/1.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/2.jpg" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1">
| четврток, 6 декември 2018 |

Коки со Андријана Јаневска и Ивица Јорданов ја промовираше „Слушам кај шумат шумите“

Никола Јанков или Коки од дуото „Дуле и Коки“ денеска го промовираше новиот видеоспот со својата Тајфа за песната „Слушам кај шумат шумите“ со вокал од Андријана Јаневска, а на гитара свири Ивица Јорданов. Записот е снимен заедно со „Томато продукција“.

3s3a2134

– Дваесет и пет години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е сѐ појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде во Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде – истакна Коки за време на промоцијата на спотот. Тој додаде дека планира повторно издавање албум во текот на пролетта. Коки зборуваше и за деновите поминати со Дуле и пријателите навраќајќи се на наградата кои тие заедно ја добиле пред 20 години на „Макфест“. Според Коки, мотивацијата од старите денови никогаш не го напуштила и затоа тој продолжува со создавањето нов музички правец – македонски новоградски рокенрол со својата Тајфа – рече Коки.

За соработката со Андријана Јаневска и Ивица Јорданов рече дека се врвни професионалци, а за издавањето на албумот „Еден пат, еден живот“ како одговорни ги посочи Габијано продукција.

3s3a2115

Во неврзан разговор со новинарите Коки поразговара за повеќе теми, присетувајќи се притоа и на настапот на „Макфест“ каде заедно со Дуле ја освоија првата награда за песната „Виолина и гитара“, за приватниот живот, за нстапите по скопските кафулиња во тоа време…Во однос на тоа што најмногу сака од животот Коки рече дека цел му е да биде професор во музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“ на најдобрите идни виолинисти во Македонија и пошироко.

Новиот спот може да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=2IAuVXqigi8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top