| четврток, 6 декември 2018 |

Загинатите фудбалери вечно остануваат во историјата, Чапекоенсе го смени логото

capekoense

На 28. ноември бразилскиот клуб Чапекоенсе замина на лет кон Колумбија за да го одигра историското финале во Судамерикана Купот, но само шест патници го преживеаја кобниот лет. По трагедијата, Атлетико насионал, противникот на Чапекоенсе во финалето покрена иницијатива да му се додели титулата на својот противник во чест на загинатите.

capekoense-1

Сега, 12 дена по несреќата, од клубот одлучија да го променат логото кое е со нив од основањето во далечната 1973 година. На старото лого додадени се две ѕвезди. Првата ја симболира првата освоена титула во Куп Судамерикана, а втората е за потсетување на сите кои го загубија животот во трагичната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top