| четврток, 6 декември 2018 |

Тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе сами излегоа на дуелот со Барса (ВИДЕО)

Тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе, Нето Фолман и Рушел сами излегоа на Камп Ноу пред почетокот на пријателскиот меч против Барселона, солзите тешко можеше да се задржат.

Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателски натпревар на „Камп Ноу“, на кој Каталонците победија со убедливи 5-0.

Но, победата на Барселона беше во сенка на емотивниот момент кој се случи на почетокот од мечот.

На стартот излегоа само преживеаните тројца фудбалери од големата авионска несреќа, беа наградени со голем аплауз од публиката, но не можеа да ги задржат солзите.

Потоа на сцена стапи новиот тим на Чапекоенсе кој го играше мечот со Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top