| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија во директен дуел со Словенија си обезбеди пласман во следната рунда

spanija

Репрезентацијата на Шпанија и покрај слабите настапи во првите две кола сепак успеа да се пласира во главната фаза од ЕП 2016 откако вечерва во клучниот меч за пласман во следната фаза ја совлада Словенија со убедливи 30-18. Цврстата одбрана уште еднаш беше главна одлика на „црвената фурија“, Шпанките на чело со голманката Наваро (18 одбрани) целосно ги неутрализираа своите противнички. Мечот беше решен за само 15 минути, откако Шпанија поведе со 9-2, предност што потоа дополнително ја зголеми до крајот. Пења со шест и Кабрал со пет погодоци беа најефикасни кај победничката селекција, додека „вардарката“ Тамара Мавсар со пет гола беше најдобар стрелец на Словенија, а Барбара Лазовиќ ниту еднаш не се запиша меѓу стрелците.

Германија многу потешко од очекувањата стигна до победа над Полска, триумфирајќи со 23-22. На четири минути до крајот резултатот гласеше 20-21 за селекцијата на Полска, но Германките заиграа посконцентрирано во финишот, го свртеа резултатот во своја полза и со голот на Наидзинавичиус стигнаа до триумф. Хубер со седум погодоци беше главна поединка во оваа победа, пред Ланг со шест и убингер со четири гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top