| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон откри добро чувана тајна во врска со кралицата Елизабета!

kejt
Војвотката ретко кога дава интервјуа, но овојпат таа одлучила јавно да проговори за односот на кралицата кон нејзините правнуци.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во едно интервју, коешто вообичаено и ретко кога го дава, открила една добро чувана тајна во врска со кралицата Елизабета, за којашто повеќето од луѓето сметаат дека е помалку “ладна и строга”.

Таа открила и дека кралицата била пресреќна кога малата принцеза Шарлот се родила во месец мај, минатата година, пренесува Mirror.

kejt2

– Кралицата беше исклучително задоволна што во семејството дојде уште едно девојче. Многу ја сака и сака да знае речиси сè во врска со неа, открила Кејт.

kejt3

– Секојпат кога сме кај неа на гости, таа остава мали подароци за Џорџ и Шарлот во нивните соби. Јас сметам дека токму со тоа таа им ја покажува нејзинaта љубов, и општо љубовта којашто таа ја негува кон децата и семејството, изјавила Кејт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top