| четврток, 6 декември 2018 |

Јавноста шокирана од професијата на Кејт Мидлтон: Погледнете и ја биографијата…

Според крштеницата на родениот принц Луис која излезе во јавност, професијата на неговата мајка, војвотката од Кембриџ е – принцеза!

Кејт, како сопруга на принцот Вилијам кој е по професија принц, често ја нарекуваат принцеза но всушност таа не е тоа, бидејќи таа титула ја стекнала со стапувањето во брак со Вилијам, идентично како што ќе биде во случајот на Меган Маркл откако ќе стапи во брак со принцот Хари.

Тамошната јавност поради ова поставила прашање: Зошто на крштеницата не пишува „син на принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ“? Сепак, тоа и е нејзина титула, војвотка од Кембриџ.

Целото недоразбирање настанало околу прашањето што е титула, а што професија. Без обзир на тоа што не е родена прнцеза и што тоа не е нејзина професија, кога Вилијам ќе стане крал, јавноста неа секако ќе ја нарече кралица, бидејќи ќе го дели социјалниот статус со сопругот.

Откако завршила средно образование, непосредно пред да стане студент, таа го посетила Чиле. Мидлтон учествувала во хуманитарна програма во земјата.

Некое време студирала во Британскиот институт во Фиренца. Високото образование го добива во Универзитетот Сент Ендрјус во градот Пангборн, каде се запознава со тогаш идниот сопруг принцот Вилијам (2001).

Младата Кејт Мидлтон дипломира во 2005. година со специјалност „историја на уметноста“. По дипломирањето, Кејт почнала да работи во компанијата на нејзините родители, Керол Голдсмит и Мајкл Мидлтон.

Кејт потоа се преселува во Лондон, каде што работела повремено во скапа продавница за облека. Таму ги организирала испораките на додатоци. Бел Робинсон, основач на продавницата, споделува години подоцна во интервју за британскиот весник „Ивиниг стандард“ дека Кејт била многу зрела и одговорна во однос на обврските, иако во тоа време таа е веќе прогонувана од папараците и новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top