Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во едно интервју, коешто вообичаено и ретко кога го дава, открила една добро чувана тајна во врска со кралицата Елизабета, за којашто повеќето од луѓето сметаат дека е помалку “ладна и строга”.
Таа открила и дека кралицата била пресреќна кога малата принцеза Шарлот се родила во месец мај, минатата година, пренесува Mirror.
– Кралицата беше исклучително задоволна што во семејството дојде уште едно девојче. Многу ја сака и сака да знае речиси сè во врска со неа, открила Кејт.
– Секојпат кога сме кај неа на гости, таа остава мали подароци за Џорџ и Шарлот во нивните соби. Јас сметам дека токму со тоа таа им ја покажува нејзинaта љубов, и општо љубовта којашто таа ја негува кон децата и семејството, изјавила Кејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.