| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантен пресврт – Ангела Меркел бара забрана на бурките!

merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се изјасни за забрана на целосното покривање на лицето, кога и да е тоа законски можно, пренесува Таг24.

Таа нагласи дека целосното покривање не е прикладно во Германија.

-Кај нас важи правилото дека лицето треба да се покажува, а со самото тоа целосното покривање не е примерно и би требало да се забрани каде и да е тоа можно законски – изјави денеска Меркел.

Така носењето бурка ќе биде забрането на суд , за време на полициските контроли и сообраќај.

Сепак да нема забуна, канцеларката не предложи забрана на носење на буркините(вид на костум за капење) кои ова лето станаа многу популарни на плажите на западна Европа, ниту забрана за носење превез и хиџаб, туку исклучиво муслиманскиот дел од облеката кој го прекрива целото лице, како што е бурка или никаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top