Домашната слава остана една непрекината традиција кај Македонците до ден денска. Многу работи се променети меѓу народот, но славата остана како најсвето за нашиот народ. Македонците славеле слава и во најславните денови од својата историја, но исто така и за време на петвековното владеење на Турците.
Како еден дом, едно семејство, почнува да ја слави домашната слава? Славата се пренесува и продолжува од колено на колени, од татко на син, така денеска многу лесно може да се заклучи кое семејство според презимето која слава ја прославуваат.
Како таткото ја пренесува славата на совите синови? Доколку синовите живеат со таткото во една куќа, тогаш сите заедо ќе ја слават славата. Меѓутоа, кога некој од синовите основа свое смејство, ќе се ожени или повеќе не живее со таткото, тој веднаш треба да почне во својот нов дом да ја слави домашната слава. Сосема е погрешно што поединци денекса не слават, игнорорајќи: „Жив е моот татко, тој слави“. Значи чим некој живее заедно и има своја семејна слава, должен е да ја слави својата слава бидејќи славата е заштитник на домашното огниште во секоја работа, голем Божји благослов и заштитник на сите домашни станари, поготово на децата.
Подготовки за слава: Неколку дена пред славата во домот во кој се слави, започнуваат подготовките, за славата да биде посвечена и подостојно да се дочека. Куќата се подготвува, се чисти и средува. Домашните, поготово на децата им се купува нешто ново кое ќе го носат на денот на славата. Во куќата владее свеќена атмосфера и ведро и духовно расположение и радост.
Света вода: Пред славата попот доаѓа во вашиот дом и осветува вода. За време на обредот пожелно е да присуствуваат сите домашни па поради тоа доаѓа службеник од црквата за да ви го најави доаѓањето на попот.
Што се прави со свеќата по славата? Откако ќе заврши домашната слава свеќата се чува преку целата година за здравје, среќа и берикет во домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марија 35 години носи црнина и трага по вистината: „Тој запали свеќа и рече овде не е закопан твојот син“
-
Куќната слава ја прослави на гости: Аца Лукас од аеродром директно кај Цеца на слава (фото)
-
Доаѓа посната слава Св.Никола: Со овие три вкусни рецепти ќе ја збогатите вашата трпеза
-
Едно место остана празно во куќата на Брена – Пријовиќ не дојде на славата кај свекрвата!