| четврток, 6 декември 2018 |

Куќната слава ја прослави на гости: Аца Лукас од аеродром директно кај Цеца на слава (фото)

Српскиот фолкер годинава неговата куќна слава, Свети Никола, наместо во својот дом, ја минал кај својата колешка Цеца. Таа вчера имала полна куќа гости, а Лукас таму стигнал околу полноќ, директно од аеродромот во Белград каде доцна вечерта слетал од Цирих.

Тој кај Цеца стигнал на полноќ и ги изненадил останатите гости кои не очекувале дека ќе биде таму, наместо во својот дом каде секоја година го слави овој светец.

И покрај тоа што бил уморен од настапот и летот, тоа не било пречка пејачот да отпее неколку свои нумери за добро расположение на гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top