| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа посната слава Св.Никола: Со овие три вкусни рецепти ќе ја збогатите вашата трпеза

Овој период се пости, а посна е и претстојната слава Свети Никола. Еве неколку посни рецепти кои се многу вкусни и одлично ќе се вклопат во вашата трпеза.

КНЕДЛИ ОД КОМПИР

Потребни ви се 500 грама компир, 500 грама брашно, малку презла и сол.

1/2 килограми компир да се сварат со лушпа, потоа да се одлупат, посолат и замешаат со брашното. Извадете форми и ставете ги во солена вода. Кнедлитесе направени кога ќе излезат на површината на водата. Извалкајте ги во презла и послужете ги како прилог.

ЧОРБА ОД ЗЕЛЕНЧУК

Потребни ви се еден компир, еден морков, кромид, 1 пиперка, 2 литри вода, 1/2 литри сок од домат и зачин

Исчистете ги и измијте ги компирот, морковот, кромидот и пиперката. Полијте ги со водата и варете. Пред крајот додадете го сокот од домат и зачинот.

БЕЛ ГРАВ

Потребни ви се 1/2 килограми бел грав, 250 грама кромид, 1 морков, 1 сува пиперка, 2 лажици брашно.

Потопете го навечер гравот во вода до утрото. Наутро ставете го во друга вода и оставете го да врие. Повтпрно исцедете го и ставете нова вода. Додајте ги зеленчукот и зачинот и варете. Потоа, брашното разматете го во малку вода, и додајтеја смесата во гравот.

 

извор: skopje24.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top