| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев очекува да ја реализира кантонизацијата во нашата држава, а таа води кон расцепување на државата

Бевме посветени на она што најмногу го тишти македонскиот народ, а тоа е економијата, зголемување на платите, пензиите, социјалната помош и таму веќе имаме одлични резултати, се отворија нови 160.000 нови работни места, а во иднина веќе очекуваме и планираме да се отворат нови 70.000 нови работни места. Невработеноста од 38 проценти во минатото очекуваме да се намали на 17 проценти, замислете во време на светска криза, економска криза, европска криза како и сценариската криза во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.

-Во овие четири дена пред нас ќе прават многу непредвидени работи, сакаат да го продолжат мандатот на СЈО бидејќи знаат дека со секое продолжување ќе трае и кризата во Македонија. Овие денови ги слушаме со една голема лага, а таа е дека тие ќе вработиле толку многу луѓе и ќе отворале фабрики што ќе ги враќаат сите нашинци од странство. Но доколку е тоа така зошто Зоран Заев не донесе една единствена фабрика во Струмица?  Струмичани едвај чекаат да го тргнат од власт Заев во мај. Заев исто така ветува и дека ќе го враќа ДДВ од 500 евра на сите граѓани на крајот од годината, но математиката која Заев очигледно не ја пресметал, укажува дека секое семејство во Македонија треба да троши месечно по 2.000 до 2.500 евра за да на крајот од годината земе ДДВ од 30.000 денари. Со ваквите манипулации тој само уште еднаш го излажа својот народ. И затоа десет пати по ред народот гласа против нив и гласа за коалицијата За подобра Македонија, која се залага за влегувањето во НАТО и Европската Унија, партија која не прави разлика помеѓу народот, помеѓу Ромите, Србите, Власите, Албанците и затоа народот знае на кого да му верува, истакна Груевски.

gruevskiГруевски  потенцираше и дека во иднина ќе отворат нови работни места, ќе ги зголемат платите, пензиите, социјалната помош како и ќе се залагаат за носење на нови инвестиции во нашата држава.

-Јас велам можат да лажат колку сакаат, но треба да најдат луѓе кои ќе му веруваат, а на Заев му веруваат се помалку луѓе и тоа ќе го кажат на 11 декември. Но важно е и гаранција дека кризата ќе заврши само доколку ја добиеме вашата поддршка. Заев е човекот кој си ги навикнал сите луѓе во својата општина да му плаќаат рекет, а тие негови навики одат во пакет и затоа тие негови навики народот ќе ги казнат на 11 декември. Заев очекува да ја реализира кантонизацијата во нашата држава, која ја имаме во Босна и Херцеговина, а таа кантонизација води кон расцепување на државата, посебно во мултиетничките држави како нашата и затоа ние го дигнавме гласот против расцепување на нашата држава, а за возврат ние стоиме кон сите без разлика дали се Албанци, Македонци, Турци, или Роми. Загрижувачки се неговите идеи за менување на уставот, на рамковниот договор, но по сето тоа тој сфати дека не може да го излаже народот . Затоа драги пријатели народот ги препозна неговите планови, неговото здружување со некои од надвор за редефинирање на државата и тоа нема да го дозволи, потенцираше Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top