| четврток, 6 декември 2018 |

Авионските компании бараат истрага – кој е крив за критичниот момент над Македонија

Авионската несреќа над Македонија се случила на 7 мај. Според информации на Алфа телевизија, авионите се приближиле еден кон друг на само 800 метри оддалеченост. Се наоѓале на иста висина, а и двете летала се движеле по координатите кои им биле дадени. Ова се случувало на небото меѓу Кичево и Прилеп. Според информации на Алфа, авионите на компаниите Изиџет и Шамрок Ерлајнс избегнале судар само благодарение на авионските уреди кои сигнализираат опасност од приближување на друг авион.

Двете компании побарале Еуроконтрол да го испита случајот.  Компаниите се пожалиле дека во критичниот момент пилотите на двете летала имале инструкции да не ја менуваат предвидената рута.   Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа потврдиле дека нивни инспектори го истражуваат случајот и дека  се работи на утврдување на причините, по што ќе се преземат натамошни активности. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде исто така во тек била интерна истрага околу инцидентот.

 Според процедурата, комплетниот записник од истрагата ќе треба да биде испратен до националниот комитет надлежен за испитување на инциденти. Статистиката покажува  дека по катастрофата од 2002 кога над Швајцарија се судрија руски патнички авион и карго на комапнијата ДХЛ, во светски рамки се регистрирани уште десетина слични инциденти кои за среќа минале без човечки жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top