Жалиме што СДСМ нема искрен пристап во врска со формирањето на Експертската комисијата за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа. Ова како реакција го испраќаат од владејачката партија откако СДСМ го одби нивното барање да изберат претседател на Експертската комисија.
-Ние сме свесни дека ова инаетчиско однесување на СДСМ е карактеростично за нивниот политички лидер, Бранко Црвенковски и се уште се чудиме како не сфатија после сите овие изборни порази дека граѓаните не го прифаќаат и одобруваат ова нивно делување. Ваквото однесување на СДСМ е деструктивно и оди на штета на Република Македонија и на нејзините граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ мора да ги остави на страна своите теснопартиски интереси и барем еднаш да покаже дека умее да се однесува одговорно, им порачува владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)