| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на СДСМ е деструктвно за Македонија

vmro-dpmne-sdsmЖалиме што СДСМ нема искрен пристап во врска со формирањето на Експертската комисијата за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа. Ова како реакција го испраќаат од владејачката партија откако СДСМ го одби нивното барање да изберат претседател на Експертската комисија.

-Ние сме свесни дека ова инаетчиско однесување на СДСМ е карактеростично за нивниот политички лидер, Бранко Црвенковски и се уште се чудиме како не сфатија после сите овие изборни порази дека граѓаните не го прифаќаат и одобруваат ова нивно делување. Ваквото однесување на СДСМ е деструктивно и оди на штета на Република Македонија и на нејзините граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ мора да ги остави на страна своите теснопартиски интереси и барем еднаш да покаже дека умее да се однесува одговорно, им порачува владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top