| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги става во игра сите џокери, Катица Јанева влегува во кампања?

janeva-zaev-640x317
Објавувањето на последната анкета на Институтот „Павел Шатев“ го вклучи алармот во СДСМ и меѓу поддржувачите на политиката на Зоран Заев.
Според неофицијалните информации до кои дојде „Република“, за наредниве четири дена се подготвува почнување нови истраги, доставување обвинителни предлози, а не е исклучено да се оди и со обвиненија, само за да се дефокусира вниманието на јавноста од срамното пазарење на СДСМ со националните интереси.

pavel-satev-3-5-12-740x269
Откако раководството на СДСМ увиде дека повеќе од 90 проценти од анкетираните се спротиставуваат на идеите за воведување двојазичност и редефинирање на Македонија преку надминување на рамките на Охридскиот договор, Заев во предизборната арена ја вметнува и Катица Јанева, која како резервен играч треба да ги одработи последните минути и да ја намали на минимум штетата направена со протекувањето на неговите настапи во Швајцарија, пред албанската дијаспора.

pavel-satev-6-5-12-740x353
Меѓу добро упатени кругови од СДСМ веќе кружат информациите, односно нивните желби дека Катица Јанева треба што поскоро да излезе со пријава во врска со набавка на ВИП-возило во Министерството за внатрешни работи, во врска со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица или, пак, со некаков акт насочен кон судската власт, која би требало да биде заплашена во пресрет на гласањето в недела.

pavel-satev-5-5-12-740x344
Ваквите засега неофицијални информации, правни експерти за „Република“ само кусо ги прокоментираа како уште една потврда во прилог на тезите за партизираноста, необјективноста и непрофесионалноста на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top