| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо нервозен по мечот му се „истури“ на новинар

murinjo

Манчестер Јунајтед синоќа повторно не успеа да забележи победа во Премиер лигата, откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Евертон. За „црвените ѓаволи“ ова е трето реми во низа, а фановите како главен виновник го посочуваат менаџерот Жозе Мурињо.

Португалецот на пет минути од крајот на мечот во игра во внесе Маруан Фелаини, кој веднаш несмасно реагираше во казнетиот простор и му подари пенал на Евертон, кој во гол го претвори Бејнс. По завршувањето на мечот на прес-конференцијата „специјалниот“ од еден новинар беше запрашан зошто се одлучи токму Фелаини да го внеси во самиот финиш. На ова прашање Мурињо едноставно побесна и нервозно одговори:

– Што мислиш со тоа што ме праша? Јас искрено мислев дека многу повеќе знаеш за фудбал. Евертон повеќе не е тим кој игра допадлив фудбал како што беше случајот пред извесно време. Евертон сега е тим кој игра директно. Голманот игра директно, Ешли Вилијамс игра директно, Фунес Мори игра директно, сè е директно. Кога играте против тим кој игра директно и кога имате на клупата играч кој е висок два метри, го внесувате во игра за да им помогне на дефанзивците и да го добиете мечот – одговори Мурињо.

По ова реми Јунајтед остана на шестото позиција со дури 13 бода заостанување зад првопласираниот тим на Челзи, а 9 во однос на Манчестер Сити, кој ја зазема последната позиција која води во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top