| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Стоиме зад македонскиот земјоделец и развој на сите култури

%d0%b7%d0%b5%d0%bc

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ИЕ 6, Владимир Ѓорчев, беше во посета на тетовските Колтук и Два Бреста, Јегуновце, Сарачино, а ќе го посети и Теарце.

Приемот меѓу луѓето е навистина одличен, вели Ѓорчев.

-На средбите со земјоделците се дискутира за политиките на владата, па разликата е очигледна. Претходно владите на СДСМ не дале ниту 1 денар во земјоделието ништо не се помагаше. За разлика од тогаш, денеска сите култури без исклучок буквално се, се поддржува. Во наредниот период уште повеќе ќе даваме поддршка. Ја објаснив и новата мерка па наместо 50-50 за набавка на земјоделска механизација, владата ќе понуди 60-40  од што 60% ќе покрие владата, рече Ѓорчев и додаде дека исто ќе биде и со осигурувањето.

Капка по капка дури 80% ќе покрие државата, а голем интерес вели Ѓорчев има и проектот за набавка на високо приносен добиток, од кој исто така 80% ќе покрива државата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top