| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави две нови градинки, медицински апарати, реконструкција на училиштата и низа проекти за Крива Паланка

Заев со тензиите кои јавно ги презентира деновиве, за промена на уставот, за проширување на рамковниот договор, за кантонизација на државата тој само уште еднаш докажува дека сака да ја дестабилизира државата и тоа што никој не го постигнал да го добие со војна тој сака да го добие се со цел само да дојде на власт. Деновиве ДУИ и ДПА излегоа со нивен предлог за кандидат за премиер доколку не се постигне нашата цел од 63 пратеници, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Во иднина ќе се зголеми вработеноста на 70.000 ново отворени работни места, предвидуваме бесплатна ласерска корекција за сите млади кои имаат нарушен вид од 18 до 26 години, а се од социјално загрозени семејства, ќе инвестираме оние кои што сакаат да вградат плински уреди во своите автомобили, ќе инвестираме во оние домаќинства кои сакаат да се греат на пелети и планираме отворање на две детски градинки да се отворат во Крива Паланка.

Тој исто така потенцираше дека во Крива Паланка ќе набават нова медицинска опрема, ќе реконструираат училишта и ќе изградат нови спортски игралишта.

-Сите овие предвидувања ни се можни само доколку не му дозволиме на Заев кантонизација на државата, двојазичност како и менување на уставот, а сето тоа ни е потребно само доколку ја имаме вашата поддршка на 11 декември на најмасовните избори досега, на историската победа на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top