| четврток, 6 декември 2018 |

Серија А: Наполи го понижи очајниот Интер

Само што почна натпреварот, Наполи дојде во водство со погодокот на Пиотр Зелински, а неколку минути подоцна во листата на стрелци се запиша и словачкиот интернационалец Марек Хамшик

Премиерниот натпревар од 15. коло во италијанската Серија А, дерби дуелот помеѓу големите ривали, Наполи и Интер, заврши со убедлива победа на “азурите” од 3:0.

Само што почна натпреварот, Наполи дојде во водство со погодокот на Пиотр Зелински, а неколку минути подоцна во листата на стрелци се запиша и словачкиот интернационалец Марек Хамшик.

Последниот погодок на натпреварот, постигнат во 51 минута беше дело на Лоренцо Инсиње.
Денеска ќе биде одигран само еден натпревар во кој актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус ќе има обврска да ја оправда фаворитската улога во дуелот против екипата на Аталанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top