| четврток, 6 декември 2018 |

Кончено победа: Ракометарките на Македонија ги победија Фарски Острови

Женската ракометна репрезентација на Македонија славеше против селекцијата на Фарски Острови со 21-19 (8-8) во првиот натпревар од квалификациите за СП 2017 и ја прекина лошата четиригодишна серија без победа уште од 2012 година.

По ефикасниот старт, во втората половина од првиот дел дојде до пад во играта и серија грешки и промашувања на двете страни. Првото полувреме заврши нерешно 8-8.

На стартот од второто полувреме, македонските ракометарки одново го презедоа водството, поведоа со 10-9 во 36.минута, но никако не успеваа да се одлепат со поголема разлика. На +2 Македонија дојде во 14.минута кога поведовме со 14-12, а две минути потоа дојдовме и на 16-13.  Во завршните десет минути, избраничките на селекторот Симе Симовски влегоа со предност од 18-15. Јована Саздовска ја прекина серијата на домашната селекција погодувајќи за 19-17, а во следниот напад Македонија одново дојде на плус 3 (20-17).

На четири минути пред крај македонските ракометарки имаа водство од 21-18.Тука веќе беше решен победникот иако упорните ракометарки на Фарски Острови до последните секунди се обидуваа да ја анулираат негативата.

Австрија е следниот противник на Македонија во утрешниот втор меч, а в недела го завршуваме турнирот со дуелот против Исланд. Првите две селекции од групата обезбедуваат пласман во баражот за СП 2017 во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top