| четврток, 6 декември 2018 |

Културата и во иднина ќе има силна поддршка, вети Канческа – Милевска

– Се што правиме е со цел побогат културен живот и побогата културна понуда за граѓаните. Кавадарци е град со богато културно наследство, со значајна историја и културни историски вредности, а наша обврска е да ги негуваме и да инвестираме во нив - рече Канческа-Милевска

Силна поддршка за културата и во иднина, вети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната прес-конференција од  партискиот штаб во  Кавадарци.

Се осврна на многубројните проекти од областа на културата реализирани досега, меѓу кои и на реконструкцијата на Културниот дом, но зборуваше и за оние кои допрва ќе се спроведуваат.

– Се што правиме е со цел  побогат културен живот и побогата културна понуда за граѓаните. Кавадарци е град со богато културно наследство, со значајна историја и културни историски вредности, а наша обврска е да ги негуваме и да инвестираме во нив, рече Канческа-Милевска.

Ја спомна и изградбата на Музејот на вкусови во Кавадарци, институција, рече, која поседува и археолошка и етнолошка историска поставка.

– Ќе продолжи заштитата на културното наследство, на големиот број спомен куќи што се карактеристични во Кавадарци, истакна министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top