Отсекогаш имало жени кои практикувале бричење на лицето заради изразени влакна, но во последно време, сè поголем е бројот на припаднички на понежниот пол кои редовно си ги бричат лицата иако немаат проблем со зголемена влакнетост.
Зошто? Некои велат дека го прават само заради ексфолијација и да имаат помазна кожа, други за полесно и подобро да ја нанесуваат шминката, трети за младоликост.
На „јутјуб“ има огромен број видеа во кои влогерки го објаснуваат процесот на бричење и ги споделуваат своите искуства. Додека повеќето од нив се задоволни со резултатите, има и девојки кои завршиле со ужасна иритација на кожата.
Меѓу бенефициите кои се сврзуваат со бричењето на лицето е и младоликоста. Многу дерматолози тврдат дека бричењето е причината што мажите „стареат побавно“.
Иако сите кои си го избричиле лицето се согласуваат дека кожата е значително помазна и шминката се нанесува полесно, оваа козметичка процедура има многу негативни страни.
Прво, неопходно е редовно бричење – во некои случаи и по 2-3 пати неделно. Второ, има голем ризик од иритација на кожата, особено ако имате проблем со акни. Трето, можна е појава на поткожни влакна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)