| четврток, 6 декември 2018 |

Нов тренд: Жени си го бричат лицето (видео)

Отсекогаш имало жени кои практикувале бричење на лицето заради изразени влакна, но во последно време, сè поголем е бројот на припаднички на понежниот пол кои редовно си ги бричат лицата иако немаат проблем со зголемена влакнетост.

Зошто? Некои велат дека го прават само заради ексфолијација и да имаат помазна кожа, други за полесно и подобро да ја нанесуваат шминката, трети за младоликост.

На „јутјуб“ има огромен број видеа во кои влогерки го објаснуваат процесот на бричење и ги споделуваат своите искуства. Додека повеќето од нив се задоволни со резултатите, има и девојки кои завршиле со ужасна иритација на кожата.

01

Меѓу бенефициите кои се сврзуваат со бричењето на лицето е и младоликоста. Многу дерматолози тврдат дека бричењето е причината што мажите „стареат побавно“. 

Иако сите кои си го избричиле лицето се согласуваат дека кожата е значително помазна и шминката се нанесува полесно, оваа козметичка процедура има многу негативни страни.

Прво, неопходно е редовно бричење – во некои случаи и по 2-3 пати неделно. Второ, има голем ризик од иритација на кожата, особено ако имате проблем со акни. Трето, можна е појава на поткожни влакна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top