Младата репрезентација на Македонија ќе игра во Групата Б на Европското првенство 2017 во Полска заедно со селекциите на Португалија, Шпанија и Србија.
Денешната ждрепка во Краков сакаше Македонија да биде во Групата Б која ќе се игра во Гдињ и во Бидгошч. Нашата селекција ја доби четвртата позиција во групата што значи на 17. јуни ќе отвораме пресметка со Шпанија.
ГРУПА А: Полска, Словачка, Шведска, Англија
ГРУПА Б: Португалија, Србија, Шпанија, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Ц: Германија, Чешка, Данска, Италија
Европското првенство, согласно определениот натпреварувачки систем ќе се игра во три групи од по четири репрезентации. Првопласираните од трите групи, заедно со најдобрата второпласирана, ќе играат во полуфиналето на шампионатот.
Европското првенство во Полска ќе се игра од 16. до 30. јуни , во шест градови Краков, Кјелце, Лублин, Гдињ, Бидгошч и Тучи.
Термините и градови за одигрување на натпреварите на ЕП 2017:
ГРУПА А (Кјелце и Лублин): 16., 19. и 22. јуни
ГРУПА Б (Гдињ и Бидгошч): 17., 20. и 23. јуни
ГРУПА Ц (Краков и Тучи): 18., 21. и 24. јуни
ПОЛУФИНАЛЕ 1 (Победник од Група А – Второпласиран Б/Ц или Победник од Група Ц) : 27. јуни (Краков)
ПОЛУФИНАЛЕ 2: (Победник од Група Б – Второпласиран А или Победник од Група Ц): 27. јуни (Тучи)
ФИНАЛЕ (Краков): 30. јуни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.