Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, на српскиот тенисер му поставил ултиматум за продолжување на соработката. Според германските медиуми, тениската легенда од Ѓоковиќ бара да се намали улогата што ја има Шпанецот Пепе Имаз како ментален тренер во тимот на српскиот тенисер.
Германскиот весник „Билд“ пишува за несогласувањата во тимот на сега вториот светски рекет, по неодамнешмната одлука на Ѓоковиќ во тимот да го прилучи Имаз како ментален тренер.
Во овој ултиматум Бекер има поддршка и од вториот тренер на Ѓоковиќ, Марјан Вајда, со кого Ѓоковиќ соработува уште од 2006 година, уште пред да влезе во групата на најдобрите тенисери во светот.
Изминативе неколку недели сѐ почести се шпекулациите дека Ѓоковиќ и Бекер ќе ја прекинат соработката на крајот на оваа сезона во која Србинот ја загуби титулата најдобар тернисер во светот. Услов за легендарниот Германец да остане во тимот е Ѓоковиќ прво да раскрсти со Имаз и со неговото чудно влијание.
Шпанецот изби во центарот на вниманието по мастерс-турнирот во Париз на кој во тренерската ложа на српскиот тенисер ги немаше ни Бекер ни Вајда, а по кој Новак Ѓоковиќ му ја препушти првата позиција на листата на АТП на Енди Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.