Македонската женска ракометна репрезентација ги завршува подготовките за турнирот квалификациите за Светското првенство во 2017 година.
Противници на избраничките на селекторот Симе Симовски се селекциите на Австрија, Исланд и Фарските Острови. Нашите репрезентативки на турнирот на Фарските Острови ќе заминат утре со авионски лет преку Истанбул и Копенхаген до Торшавн.
В петок во првото коло ќе се сретнеме со домаќинот Фарски Острови, потоа следи Австрија, а во третото коло, Исланд. Првите две репрезентации од групата ќе обезбедат место во баражите за Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.