| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – ГП „Деве Баир“

kamion na snegНа патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира ЈП „Македонија пат“.

Од АМСМ, пак, препорачуваат тешките товарни возила да не се вклучуваат во сообраќај со летна опрема и задолжително да ја користат зимската опрема, која е и задолжителна од 15 ноември.

– Препорачуваме тешките товарни возила да не тргнуваат на пат преку планинските премини без некоја итна потреба. Доколку мора да се патува, исклучително внимателно да се управуваат возилата и да се одржува неопходното растојание помеѓу нив, велат од АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top