| четврток, 6 декември 2018 |

Зек: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ демонстрираа посветеност, кредибилност и очекуваме да победат на изборите

По изборите на 11 декември очекуваме силна Македонија и добри односи во македонскиот политички врв. Очекуваме изборите да бидат слободни и фер и оној што ќе загуби не само да ја честита победата, туку и да работи заедно со новата влада како силна опозиција во Собранието, за подобрување на стандардот на сите граѓани, истакна Тобијас Зек, потпретседател на ЕПП во ПССЕ во интервју за Сител.

Зек смета дека ВМРО-ДПМНЕ како сестринска партија на ЕПП работи одлично, посебно во време кога нашиот континент се соочува со сериозни предизвици како емигрантската криза, тероризмот, безбедносните закани.

Соочувајќи се со овие предизвици, македонската влада предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ  демонстрираше посветеност, кредибилност и очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите и тесно да соработуваме во иднина.

zek

Во врска со 8 последователни позитивни извештаи кои ги доби Македонија од Европската комисија и 8 последователни препораки за старт на преговорите со европската Унија, Зек вели дека сега на ред е ЕУ која треба да биде поотворена кон Македонија .

– Не само што добивте 8 препораки, секоја година бевте подобри од претходната. Има силно подобрување во изминатите 8 години во вашата земја кога станува збор за економската состојба, безбедносната и политичката состојба. Ова сега е задача на Европа, која е нашата стратешка цел и стратешка задача и надворешна политика за Западниот Балкан. Ако сакате да го поканите Балканот да дојде во Европа и јас силно го подржувам членството на Македонија во НАТО и ЕУ, тогаш мораме не само да бараме реформи во вашата земја туку и да ги исполниме очекувањата и да ве поканиме во ЕУ, рече Зак во интервјуто за Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top