Бастијан Швајнштајгер пристигна на „Олд трафорд“ како големо засилување за Манчестер јунајтед, но наскоро тој ’сон’ се претвори во кошмар. Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација оваа сезона не одигра ниту една минута, а Жозе Мурињо дополнително го казни и го префрли да тренира со младинскиот состав.
Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен, смета дека напаѓачот треба да остане во Јунајтед и да им наплати до последен цент на „црвените ѓаволи“ за односот кон него.
– Јас да сум на негово место би ги натерал луѓето во Манчестер да ми испалатат сè до последниот цент. Би играл голф и би ја шетал преубавата Ивановиќ. Би ја следел по тениските мечеви, зошто да не. Треба да ги казни за тоа што му го направија. Го заслужуваат тоа – истакна Хенес и притоа се осврна на гласините дека следната дестинација на Швајнштајгер е Чикаго во МЛС лигата.
– Како што слушнав, Бастијан се повлекува од фудбалот. Добро го познавам и се сомневам дека во него уште има жар за последен предизвик. Играч од таков калибар, со брилијантна кариера не смее да дозволи место како Америка да му биде место за пензионирање. Како што знам, сака да одигра проштален натпревар во Баерн. Ќе го направиме тоа кога ќе одлучи да се пензионира – дополни Хенес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош