абрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз.
Се уште е затворен за сообраќај регионалниот пат село Грдовци-село Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.