| четврток, 6 декември 2018 |

Позитивна и победничка атмосфера на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во Скопје (Видео)

Во позитивна и победничка атмосфера, во тактот на химната на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ечеа аплаузите од 80.000 граѓани кои дојдоа од цела Македонија и покрај студеното време за да ѝ дадат поддршка на големата Коалиција за подобра Македонија.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-28-custom

Граѓаните имаа чест да ги поздрават австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц, потпретседателот на ЕПП Тобијас Зек, носителите на пратеничките листи во изборните единици во земјата, Никола Тодоров од ИЕ 2, Влатко Ѓорчев од ИЕ 6, Антонио Милошоски од ИЕ 5, Никола Попоски од ИЕ 1, Илија Димовски од ИЕ 3 и претседателот на владејачката партија, Никола Груевски, кој е предводник на листата во четвртата изборна единица.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-27-custom

Од бината поставена пред Портата Македонија беа испратени силни пораки за единство, сплотеност и одбрана на македнскиот идентитет, државноста и унитарноста на земјата.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-5-custom

Сакам да апелирам до вас, ве молам добро размислете за кого ќе го дадете вашиот глас, направете разлика, и на овие избори, помеѓу Заев и Македонија, одберете ја Македонија. Суверена, самостојна, за која се бореле и Вашите предци, и за која и Вашите предци, заедно со нашите знаеле да се обединат кога ќе виделе некоја закана за државата. Ние ќе ги подобриме некои наши слабости во наредниот период, и можете да сметате на нас, рече лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, обраќајќи им се на членовите на СДСМ и на сите патриоти, граѓани на Македонија.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-6-custom

Во повикот за обединување Груевски порача дека судбината на Македонија е во нашите раце, а пред нас е историски момент во кој треба да донесеме многу важна, но едноставна одлука.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-29-custom

-Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што ѝ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика. Идат подобри времиња! Главата горе и не заборавајте – Ова е ваша земја! Ова е земја на сите вас кои живеете во неа, ова е само ваша земја, на граѓаните на Македонија, вие одлучувате, заврши претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top