Новиот тренер на МЗТ Скопје, Анте Назор, веќе на самиот старт се соочи со неочекувани проблеми останувајќи без услугите на Ксавиер Темс. Американскиот бек требаше да биде еден од лидерите на тимот на денешниот дуел со Игокеа, но поради семејни причини мораше да отпатува на кратко патување за татковината.
– Талентираниот бек поради семејни проблеми мораше итно да замине во САД, каде што ќе остане во следниот период. Неговото враќање се очекува кон крајот на следната недела што значи дека ако сѐ биде како што треба, тој ќе биде во комбинација за дуелот против Будуќност на домашен терен, закажан за следната недела – информира МЗТ Скопје преку официјалната веб-страница.
Темс на досегашните десет средби во АБА-лигата просечно реализираше 14,2 поени, 2,9 скока и 1,8 асистенции додека во Еврокупот на четири меча има просек од 16,8 поени, 3,4 скока и 2,8 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.