| четврток, 6 декември 2018 |

Пике бил љубоморен или Шакира се освежила со младо месо?

Шпанските таблоиди тврдат дека за разделбата помеѓу Шакира и фудбалерот на Барселона е виновен младиот пејач Малума.

Откако Шакира пред неколку дена го објави спотот за песната „Chantaje” која ја снимила со Малума, се појавија гласини дека токму младиот колумбиски пејач е виновникот за наводната разделба помеѓу популарната пејачка и Жерар Пике, кои шест години живеат во вонбрачна заедница.

shakira-studio-maluma-compressed

Имено, според медиумите, Малума (22) е причината поради која Пике ѝ приредувал љубоморни сцени на Шакира, поради кои пејачката и фудбалерот на Барселона на крајот одлучиле да се разделат.

“Ya no sé que hacer, no se con cuál quedarme” #4Babys 😈😇

A photo posted by MALUMA (@maluma) on

Она што е сигурно, освен фактот дека Шакира и Малума ги поврзува тоа што потекнуваат од иста земја, е и дека младиот пејач веќе е голема ѕвезда и многумина го сметаат за еден од најатрактивните мажи.

“Tú eres puro, puro #Chantaje” 🎤

A photo posted by MALUMA (@maluma) on

Дали има вистина во овој трач, ќе дознаеме наскоро…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top