| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ќе избираме судии само со членска книшка од СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека една од клучните точки во програмата на опозицијата ќе биде генералниот реизбор на судии во Македонија.

Според Заев, судството мора да биде целосно реформирано бидејќи сегашното судство воопшто не им е по мерак на криминалците, раководството на СДСМ, аболираните криминалци како Зоран Заев, членовите и активистите на опозицијата каде што Заев е прв човек на опозицијата.

Ќе спроведеме генерален реизбор на судии бидејќи до кога судиите ќе судат против опозицијата? Па што ако сме направиле криминал, ние сме опозиција и сме помали, послаби и понежни. Ако судот се дрзне, собере храброст да суди некој од опозицијата, да знаете сигурно дека иако ја брани правдата, е инструиран и натеран од владејачката партија за да го стори тоа – изјави Заев.

Реформите што ги планира СДСМ во судството се реакција на состојбата во која се наоѓа, односно судиите се „принудени да судат опозиционери“, вели Заев.

Судиите не чинат, да се разбереме. Не сме задоволни и ќе го вратиме животот и во судовите по изборите. Доста беше ако јас направам криминал од 8 милиони евра тие судии да ме судат мене. Нека ги судат малку и од ВМРО, сигурно и тие направиле нешто како мене – изјави Заев.

Затоа ви ветувам, се колнам, дека по изборите ќе направиме генерален реизбор на судии, кои не се како овие, расипаните што само судат според закон и бараат правда. Доста беше вакво судство. По победата на избори ќе избереме нови судии, сите одново ќе ги избереме и ќе се осигуриме дека тие судии нема да судат членови на СДСМ бидејќи тоа не треба да биде така – додаде лидерот на опозицијата.

Ете, светол пример е госпоѓата Катица Јанева, која е неутрален јавен обвинител со членска книшка на СДСМ. Гледате, гледате ли колку членската книшка на Катица Јанева од нашата партија ѝ помага да е објективна и фер? Признаваме дека Јанева е објективна и независна! Тоа што не покренала ниту еден случај против опозицијата е затоа што е неутрална. Такви треба да бидат и другите судии, сите судии во Македонија. Затоа ќе одбереме само судии што имаат членска книшка од СДСМ и ќе судат правично, односно нема да осудат ниту еден партиски другар. Тоа е врв на солидарноста, а ние се залагаме за солидарно општество. И за еднакво! Еднакво општество во кое сите вмровци ќе имаат еднаква шанса да се осудени од независните судии со членска на СДСМ – вели Заев.

На крајот Заев додаде дека ќе го врати животот и во полицијата и во војската, односно ќе ги спаси сите вработени во МВР и во АРМ, кои нема слепо да ги следат наредбите на Заев и на СДСМ, со тоа што ќе ги отпушти и ќе спречи да живеат со бремето на непослушноста. На нивното место Заев најави дека ќе донесе нови кадри со членска книшка на СДСМ, во еден генерален реизбор по терк на судството.

Како финална цел на СДСМ, Зоран Заев најави дека ќе биде генералниот реизбор на граѓани на Република Македонија.

За крај, ќе направиме селекција, односно реизбор на граѓани при што сите граѓани ќе имаат слободна и еднаква шанса да земат членска книшка од СДСМ и да бидат на страната на правдата и на слободата бидејќи ние сме застапници на правдата и на слободата, единствени и нема други. Тие што нема да сакаат да се зачленат во СДСМ ќе имаат слободно право и еднакво како и сите да се иселат од Македонија. Ете, за такво еднакво и слободно општество се бори СДСМ на чело со Зоран Заев – изјави Заев.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top