| четврток, 6 декември 2018 |

Михтарјан: Вчерашниот меч за мене беше нов почеток

mihtarjan

Хенрик Михтарјан синоќа по подолг период повторно се најде во првиот состав на Мурињо, во победата на Јунајтед над Феенорд. Ерменецот одигра одличен натпревар и сигурно ги задоволи сите присутни на „Олд Трафорд“, а по мечот видливо беше и неговото задоволство.

– Преубаво е чувството што повторно се вратив на терен и тоа како првотимец. Задоволен сум, за мене ова е нов фудбалски почеток. Не ми беше лесно да ги гледам натпреварите од клупата или од трибините. Напорно работев на тренинзите за да му докажам на менаџерот дека сум подготвен за докажување, а на терен ќе дадам сè од себе за обезбедам поголема минутажа – вели офанзивниот фудбалер од средниот ред на Јунајтед.

Михтарјан го одигра само шестиот натпревар за „црвените ѓаволи“, втор како стартер, а судејќи по прикажаната игра синоќа ништо чудно во натпреварот против Вест Хем повторно да биде во прв план кај Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top