| четврток, 6 декември 2018 |

Почина последниот атентатор на Тито

tito-2

Радош Стевлиќ роден во близина на Чачак, поголемиот дел од животот го минал во бегство, а завчера починал во Феник, САД каде живеел со децении. Тој на овие простори е познат по обидот за убиство на Јосип Броз Тито, за што и бил осуден на 10 години затвор, казна која ја отслужил во САД.

Минатата година во интервју за Политика.рс тој раскажал за апсењето пред 40 години во Чикаго и за тоа зошто учествувал во атентатот на Тито.

– Како и моите соборци, јас сметав дека Тито е лажниот цар „Шчепан Мали“ кој не заслужува да владее со Србија. Од друга страна не верував дека имаме право да одземеме нечиј живот, по можеби и подобро што сетоа тоа така заврши, изјавил тој.

Како што опишал Стевлиќ во интервјуто, југословенската влада таа година до Стејт департментот во Вашингтон упатила список со имиња од 146 лица со барање американските власти да ги уапсат.

Наместо тоа, полицијата уапсила само 6 лица кои биле соработници на Стевлиќ. Тие биле обвинети за обид за убиство на Тито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top