| четврток, 6 декември 2018 |

Еко­ном­ски ве­ту­ва­ња што се ис­пол­ну­ва­ат- ќе пад­нат це­ни­те, ќе се мо­дер­ни­зи­ра­ат па­ти­шта­та и же­лез­ни­ца­та

 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На­ма­лу­ва­ње на це­ни­те на печ­ки и кот­ли на пе­ле­ти и на пе­ле­ти­те за гре­е­ње, по­ни­ски це­ни на ве­те­ри­нар­ни­те ус­лу­ги и из­нај­му­ва­ње спорт­ски об­је­кти по­ра­ди на­ма­лу­ва­ње на ДДВ од 18 на 5 про­цен­ти, ка­ко и ос­ло­бо­ду­ва­ње од ца­рин­ски да­вач­ки и ДДВ за спе­ци­јал­ни та­кси-во­зи­ла за пре­воз на ли­ца со ин­ва­ли­ди­тет и на­ма­лу­ва­ње на ак­ци­за­та за би­о­го­ри­ва се дел од но­ви­те еко­ном­ски ве­ту­ва­ња на вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ. На нив се на­до­вр­зу­ва­ат нај­а­ви­те за мо­дер­ни­за­ци­ја и об­но­ва на па­ти­шта­та и на же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај. Си­те овие ве­ту­ва­ња се на до­бар пат да се ре­а­ли­зи­ра­ат, со ог­лед на тоа де­ка до­се­га си­те ве­ту­ва­ња се ис­пол­ни­ле. Тоа е и дви­жеч­ка­та си­ла на пар­ти­ја­та на власт ко­ја пре­ку ос­тва­ру­ва­ње на за­да­де­ни­те це­ли по­втор­но и по­втор­но ја до­би­ва до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те. Екс­пер­ти­те се убе­де­ни де­ка за­цр­та­но­то се ис­пол­ну­ва би­деј­ќи е ба­зи­ра­но на прет­ход­ни ана­ли­зи, истра­жу­ва­ња и кон­сул­та­ции со гра­ѓа­ни­те на кои им се не­оп­ход­ни за при­сто­ен жи­вот во др­жа­ва­та.

– До­се­га не­ма­ло ут­ну­ва­ње ме­ѓу ве­ту­ва­ња­та и тоа што е ре­а­ли­зи­ра­но. Важ­но е да се утвр­ди кои се при­о­ри­те­ти­те на гра­ѓа­ни­те, ка­ко би се ра­бо­те­ло на нив, а вла­ста од ди­рект­ни­те сред­би со лу­ѓе­то точ­но мо­же да го ди­јаг­но­сти­ци­ра тоа. По­тоа се гра­ди стра­те­ги­ја и тим кој се­то тоа мо­же да го до­ве­де до крај и ус­пе­хот е за­га­ран­ти­ран. Што се од­не­су­ва до нај­но­ви­те за­цр­та­ни це­ли, ве­ру­ва­ме де­ка пар­ти­ја­та има ка­па­ци­тет да ги ис­пол­ни. На­ма­лу­ва­ње­то на ДДВ на одре­де­ни сто­ки и ус­лу­ги, се­ка­ко, ќе зна­чи по­мал­ку средс­тва кои ќе вле­гу­ва­ат во бу­џе­тот, но овој ку­сок, од дру­га стра­на, ќе се на­до­пол­ни од дру­ги из­во­ри, ка­ко и од по­го­ле­ми­от обрт на она што ќе би­де пред­мет на на­ма­лу­ва­ње – ве­лат еко­ном­ски­те ана­ли­ти­ча­ри.         

 – Ќе ја про­дол­жи­ме по­ли­ти­ка­та на ни­ски да­но­ци и ос­ло­бо­ду­ва­ња од ода­но­чу­ва­ње и на­ма­лу­ва­ње на стап­ка­та на ДДВ од 18 на 5 про­цен­ти за по­ве­ќе но­ви ка­те­го­рии про­из­во­ди и ус­лу­ги, при што по­крај на­ма­лу­ва­ње­то за печ­ки и кот­ли на пе­ле­ти и на пе­ле­ти­те за гре­е­ње, ќе из­вр­ши­ме на­ма­лу­ва­ње на ДДВ на 5 про­цен­ти на ве­те­ри­нар­ни­те ле­ко­ви, на ус­лу­ги­те на ве­те­ри­нар­ни­те друш­тва. Ќе има на­ма­лу­ва­ње на ДДВ и за влез на спортски натпревари, за из­нај­му­ва­ње спортски об­је­кти, а ќе има ос­ло­бо­ду­ва­ње од ца­рин­ски да­вач­ки и ДДВ за спе­ци­јал­ни та­кси-во­зи­ла за пре­воз на ли­ца со ин­ва­ли­ди­тет и на­ма­лу­ва­ње на ак­ци­за­та за „не­ме­ша­ни“ би­о­го­ри­ва, ка­ко и ос­ло­бо­ду­ва­ње од пла­ќа­ње на увоз­ни да­вач­ки за др­жав­ја­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја кои жи­ве­ат во по­гра­ни­чен по­јас, за про­из­во­ди до­би­е­ни од нив­ни­те имо­ти – нај­а­ви ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Тој нај­а­ви и це­лос­но об­но­ву­ва­ње на воз­ни­от парк на „Ма­ке­дон­ски же­лез­ни­ци“.

– Но­ва­та вла­да ќе ра­бо­ти на це­лос­на об­но­ва на воз­ни­от парк на „Ма­ке­дон­ски же­лез­ни­ци“. Се пла­ни­ра да се на­ба­ват вкуп­но пет во­за, и тоа: 3 но­ви ди­зел-мо­тор­ни во­зо­ви и 2 но­ви еле­ктро­мо­тор­ни во­зо­ви, за што ќе ин­ве­сти­ра­ме 22,5 ми­ли­о­ни евра. За по­е­фи­ка­сен транс­порт на сто­ка и на пат­ни­ци, а во рам­ки­те на про­е­ктот за об­но­ва на воз­ни­от парк ќе се на­ба­ват и три но­ви еле­ктрич­ни ло­ко­мо­ти­ви, за што ќе ин­ве­сти­ра­ме но­ви 7 ми­ли­о­ни евра – ре­че Гру­ев­ски.

Ве­ту­ва­ња­та во вр­ска со мо­дер­ни­за­ци­ја на же­лез­ни­ца­та би тре­ба­ло да го за­о­кру­жат про­це­сот на об­но­ва кој поч­на не­о­дам­на. Се ин­ве­сти­ра­ше во об­но­ва на воз­ни­от парк, се на­ба­ви­ја но­ви пат­нич­ки и то­вар­ни во­зо­ви, се гра­дат но­ви и се ре­ха­би­ли­ти­ра­ат по­стој­ни­те пру­ги, се ре­кон­стру­и­ра­ат же­лез­нич­ки­те ста­ни­ци. Ква­ли­те­тот на же­лез­нич­ки­от транс­порт е по­диг­нат на мно­гу по­ви­со­ко ни­во од прет­ход­но, а ре­зул­та­ти­те се ве­ќе вид­ли­ви. Ин­ве­сти­ци­ски­от цик­лус во же­лез­ни­ца­та е вре­ден по­ве­ќе од 600 ми­ли­о­ни евра. Спо­ред над­леж­ни­те, со овој по­тег же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај во зем­ја­ва свр­ту­ва но­ва стра­ни­ца, а гра­ѓа­ни­те ќе до­би­јат по­ква­ли­те­тен и по­е­фи­ка­сен пре­воз со мо­дер­ни во­зо­ви. Ва­ква ин­ве­сти­ци­ја во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај не­ма­ло око­лу 40 го­ди­ни.

Освен ин­ве­сти­ра­ње во же­лез­ни­ца­та се ра­бо­ти и на мо­дер­ни­за­ци­ја на па­ти­шта­та. Ќе се гра­ди и нов екс­пре­сен пат од Би­то­ла до гра­нич­ни­от пре­мин „Ме­џит­ли­ја“, ка­ко и мо­дер­ни­за­ци­ја и ре­кон­струк­ци­ја на вле­зо­ви­те во Би­то­ла.

– За се­то тоа ќе ин­ве­сти­ра­ме но­ви 10 ми­ли­о­ни евра, а ра­бо­ти­те ќе поч­нат на­ред­на­та го­ди­на и ќе се од­ви­ва­ат до 2020 го­ди­на – пре­ци­зи­ра Гру­ев­ски.

Освен из­град­ба­та на екс­прес­ни­от пат Штип – Ра­до­виш и ре­кон­струк­ци­ја­та на авто­пат­ска дел­ни­ца Не­го­ти­но – Де­мир Ка­пи­ја, ќе се из­вр­ши и об­но­ва на ре­ги­о­нал­ни­от пат Стру­ми­ца – Поп­че­во – Бе­ло­ти­но – Рич – Кон­че, на ре­ги­о­нал­ни­от пат Нов До­јран – Фур­ка, на ре­ги­о­нал­ни­от пат Ге­вге­ли­ја – Бог­дан­ци – Фур­ка, на ре­ги­о­нал­ни­от пат При­леп – Бо­ро­ти­но, на ре­ги­о­нал­ни­от пат При­леп – Би­то­ла, ка­ко и па­тот Ге­вге­ли­ја – Смо­кви­ца.

Ќе се об­но­ват и ре­ги­о­нал­ни­те па­ти­шта Стру­ми­ца – Но­во Се­ло, Не­го­ти­но – Ка­ва­дар­ци, ка­ко и Ро­со­ман – Ка­ва­дар­ци. Се­вкуп­на­та про­це­не­та ин­ве­сти­ци­ја на овие па­ти­шта е 79 ми­ли­о­ни евра.

Во ме­ѓу­вре­ме се ра­бо­ти на град­ба на три но­ви авто­па­ти­шта, Де­мир Ка­пи­ја – Смо­кви­ца, кој тре­ба да би­де го­тов на­ред­на­та го­ди­на, авто­па­тот Скоп­је – Штип и авто­па­тот Ки­че­во – Охрид. При крај е из­град­ба­та на екс­прес­ни­от пат Ве­лес – Ка­дри­фа­ко­во – Штип, а актив­но се гра­ди и екс­прес­ни­от пат Град­ско – При­леп. Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни се за­вр­ше­ни 404 ло­кал­ни па­ти­шта со дол­жи­на од око­лу 750 ки­ло­ме­три и ин­ве­сти­ци­ја од око­лу 65 ми­ли­о­ни евра.

Текстот е објавен во неделникот Република бр.220

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top