Федералната трговска комисија на САД бара од производителите на хомеопатски лекови на кутиите да наведат дека тие, всушност, не дејствуваат.
Пазарот на хомеопатски лекови во САД е огромен, а само во 2007 година е проценето дека Американците потрошиле повеќе од три милијарди долари на контроверзниот систем на алтернативната медицина креирана уште во 1796 година.
Сега американската влада бара од проозводителите на тие лекови ако тврдат дека се навистина ефикасни, тоа и да го докажат. Во спротивно, ќе мора да нагласат на пакувањето дека „не постојат научни докази за ефикасноста на лекот“.
„Хомеопатијата што датира од доцниот 18 век е базирана на верувањето дека симптомите на болеста може да се третираат со минимална доза на супстанција, која произведува слични ефекти како и големата доза што се дава на здрави луѓе“ се наведува во соопштението на федералната трговска комисија.
Неодамна, здравствениот експерт Тимоти Каулфелд изјави: „Да се верува дека хомеопатијата дејствува е исто како да се верува во магија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.