На Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи предавање на тема „Хомеопатијата при лекување настинка и грип“ со што ќе биде одблежан месецот на хомеопатијата.
Хомеопатијата во Македонија е присутна во последните 15 години, а во светот над 200. Се заснова на принципот „слично се лекува со слично“.
Предноста на хомеопатијата во лекувањето е што таа го лекува човекот, а не болеста. Хомеопатијата при лекувањето ја зема предвид целокупната состојба на човекот, а особено е успешна во лекување многу автоимуни заболувања како алергии, витилиго, псоријаза, тробоцитопенија, реуматоиден артрит, Хашимото тироидитис во почетна фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.